Ова дефинитивно во фудбалот не се случува често. Натпреварот од четвртата рунда во романскиот национален Куп меѓу третолигашот Берцени и второлигашот Буфтеја заврши со неверојатна победа на третолигашот од 31:0
На полувремето од овој неверојатен натпревар резултатот гласеше 12:0. Но, со оглед на тоа што се работи за професионални екипи, ова е апсолутно неразбирлив резултат.
Од екипата на Буфтеја, по средбата се правдаа дека сето тоа се должи на настапот со играчи до 19 години, но веројатно и ним им е јасно дека тоа баш и не држи вода.
Дел од медиумите шпекулираат дека во прашање е обложувалница, а на натпреварот во далечните азиски земји биле уплаќани огромни суми во обложувањето во живо и тоа постојано во играта – гол за домашниот тим.