Романија отвори книжарница со величествена архитектура

Картурешци Карузо , што значи „вртелешка на светлината“, е величествена зграда од XIX век, трансформирана во еден вистински скапоцен камен на архитектурата.

Се наоѓа во самиот центар на Букурешт на една прометна улица, во област со модерни кафулиња и продавници. Опкружена со боемски, традиционални и луксузни продавници за облека, оваа книжарница сигурно ќе се вметне одлично во стилот на градот, но и ќе се издвои ненаметливо со својата грациозност.

Зградата има шест ката, каде се нудат над 10 000 книги и 5.000 музички албуми и дивидиа.

На подземното ниво има мултимедијален простор, а на приземјето – галерија посветена на современата уметност. На ова магично место допрва ќе се организираат и многу културни настани и концерти.

На Скопје дефинитивно би му дошол добро еден ваков културен – магичен центар, па можеби со оваа статија ќе успееме да инспирираме.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

 

 

- Реклама -