Ромео на 21-от век: Тинејџер се качил на зaтвopcкиoт прозорец за да ја види својата поранешна девојка

Еден заљубен тинејџер од Германија успеа да го надмине и Шекспировиот Ромео. Тој успеал да прескокне четири метри висок ѕид и успеал да се искачи на прозор кој што бил заштитен со решетки и сето тоа само за да ја види својата поранешна девојка.

Бидејќи осумнаесетгодишник не сакал да се спушти, пожарникарите морале да  постават скала за да го спуштат.

Поради оваа љубовна акробација, тинејџерот можеше да биде изведен на суд.

Германските медиуми објавија дека неговата поранешна девојка, е исто така, осумнаесетгодишна, која што му раскинала неколку дена пред тој да се обиде да влезе во зaтвopoт.

Портпаролот на младинскиот затвор во едно мало гратче од областа во Саксонија, изјавил дека тинејџерот очајнички се обидувал да ја предомисли неговата поранешна девојка. Тој успеал да пријде до нејзиниот прозорец кој што се наоѓал на првиот спрат.

За да се искачи на зидот тој ја искористил уличната светилка па по овој чин чуварите морале да ја обложат бандерата со бoдликaвa жицa, пренесува германската телевизија NDR.

Не е јасно зошто тој едноставно не дошол во редовна посета на затвopoт, туку се обидел да влезе на овој начин.

Деталите за него и девојката која што е во затвор не се познати. А исто така нема ниту инфорамции дали тој успеал да ја убеди својата поранешна девојка да се смират.

 

- Реклама -