Стравуваме дека глобалната технологија се обидува сосема да ги замени книгите. И додека во Америка повеќе од половина ги заменија страниците со таблети, се појавија и книги апсурдно прилагодени на начинот на комуникацијата во денешно време.
Сликата во продолжение е модерната верзија на „Ромео и Јулија“, која е напишана како на „прозорчињата за разговор“ – со срценца, смајлерчиња и кратенки, и се разбира на „едноставен јазик“, зашто Шекспир бил тежок за читање.
Се надеваме дека ова е само една шега, па ја исклучуваме можноста ваквата идеја да стане тренд. Поради доброто на сите.