Роналдо: Бејл е фантастичен фудбалер

Со по еден гол на двајцата најскапи фудбалери во светот, Герет Бејл и Кристијано Роналдо, Реал Мадрид синоќа дојде до реми на гостувањето кај Јувентус.

На самиот почеток од престојот во Реал Мадрид, Герет Бејл беше критикуван, но како одминува времето, поранешниот фудбалер на Тотенхем ги покажува своите квалитети.

„Бејл е од голема помош за тимот. Тој е фантастичен играч и на овој натпревар го покажа тоа. Многу сме среќни што го имаме тука со нас” – вели Кристијано Роналдо.

И Бејл е задоволен од напредокот, но вели дека сеуште не го дал најдоброто од себе.

„Секогаш е убаво кога ќе постигнете гол” – вели Бејл.

„Во Торино дојдовме да победиме, но ова е тешко место за игра, атмосферата е жешка, Јуве е силен тим. Мислам дека бод не е лош резултат”.

„Се вратив по повредата и одиграв три натпревари за една недела. Сеуште треба да напредувам”.

„Не знам зошто бев изваден од игра, но јасно е дека тоа е одлука на тренерот и јас треба да го правам она што е најдобро за тимот”.

Текстот е во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -