Роналдо и натаму избегнува контакт со Перез (видео)

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, сè уште „војува“ со раководството на клубот, а дека не е сè онака како што треба да биде, покажа и средбата со Флорентино Перез кого одби да го прегрне.

По вчерашното официјално тимско фотографирање во базата „Валдебебас“, Роналдо и Перез се сретнаа во просториите, но Португалецот го „искулира“ претседателот на „Кралскиот клуб“, потег на кој не би се решиле многу други фудбалери.

Флорентино Перез тргна да го поздрави Кристијано Роналдо и да го прегрне, но најдобриот играч на Реал Мадрид умешно ја избегна прегратката. Тој го праша Роналдо дали е барем малку посреќен од минатата недела, а португалскиот интернационалец „студено“ му одговори: „Сè е ОК, нема проблем“.

Прочитајте и:  Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

{youtube}YBF_sJQIBlQ{/youtube}

Но, дали е сè ОК во Реал Мадрид, кога Роналдо ја избегнува пријателската прегратка на Флорентино Перез?! Тоа јасно отсликува дека сè уште му е лут на првиот човек на клубот.

- Реклама -