Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо вчера се врати на „Сантијаго Бернабе“, дојде два часа порано на тренинг, а претходно истакна дека е максимално мотивиран за нови титули со тимот на Реал Мадрид.
Нема веќе ниту трага од неговото незадоволство, иако пред да замине во репрезентацијата, не ги прослави головите за „кралевите“ против Гранада. Роналдо на својот профил на Фејсбук истакна дека воопшто не размислува за новиот договор со клубот.
Сепак, Роналдо се смири откако Реал Мадрид почна да размислува за нов, и тоа доживотен договор што Португалецот би го добил во наредниот период. Со него значително ќе биде зголемена и годишната плата на Роналдо, на 16 милиони евра нето плата годишно, со што би станал втор најплатен фудбалер во светот, веднаш зад Самуел Ето од Анжи.
Но, многу поважно е што би бил подобро платен од Лионел Меси во редовите на Барселона. Најверојатно тоа го смири егото на Кристијано Роналдо.