Роналдо призна: Не сакав да го славам голот!

Кристиано Роналдо верува дека Реал Мадрид може да победи на Олд Трафорд и така да се избори за четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Роналдо не може без погодок. На вчерашниот натпревар против својот некогашен клуб Манчестер Јунајтед Португалецот даде гол во 30. минута со што го изедначи резултатот на 1:1 кој остана до крајот на натпреварот.

„Мислам дека имаме добри шанси. Реал Мадрид е клуб кој во секој натпревар ја презема иницијативата и нападот. Така игравме денеска, а така ќе играме и на Олд Трафорд. Можеме да забиеме гол, зошто да не?“, рекол Роналдо и продолжил:

„Одиме во Манчестер да победиме. Ние сме способни за тоа, воопшто не се сомневаме“.

Роналдо инаку не го прослави голот што го даде на вчерашниот натпревар.

„Во Манчестер дојдов како момче и таму поминав шест убави години. Не можев да го славам голот поради почитта кон Манчестер и кон прекрасните луѓе кои ги запознав таму и со кои долго време делевме се“, рекол Роналдо.

- Реклама -