Роналдо се почасти – потроши 45 000 долари за „секс машина“

Фудбалерот Кристиано Роналдо прави се што е потребно за да биде максимално спремен за секој натпревар, па дури и за секој тренинг.

Играчот на мадридски Реал одлучи да си купи сопствена  криосауна, која до сега ја користел само во луксузната теретана во Мадрид.

Криосауната е „кутија“ која се лади со течен кислород, а се користи во медицината за побрзо регенерирање на телото на спортистите затоа што ги намалува последиците од воспаленија на мускулите и го ослободува ендорфинот, природна супстанца која ја лачи телото и се бори против болките. Температурата во комората се спушта до речиси -200 степени, а спортистите поминуваат во неа две до три минути.

Интересно е тоа што некои експерти тврдат дека престојот во оваа комора е задоволство кое може да се спореди со сексот,  поради споменатото опуштање на ендорфин. Оваа „секс машина“, како што ја нарекоа медиумите, португалскиот фудбалер го чини 45 000 долари плус трошоци за редовно сервисирање.

- Реклама -