На веб страницата Rouxbe можете да најдете висококвалитетни инструкциони видеа со чија помош можете да ги совладате основните вештини кои од вас ќе направат одличен готвач.
На веб страницата Rouxbe можете да најдете висококвалитетни
инструкциони видеа со чија помош можете да ги совладате основните
вештини кои од вас ќе направат одличен готвач.
Rouxbe се фокусира на храната, како што се тврди на сајтот, наместо на некои фенси рецепти на познатите готвачи (за таков вид на рецепти можете да погледнете на Cookstr). Иако рецептите ги поставуваат корисниците, тие мора да бидат претходно оценети од онлајн заедницата за да се најдат таму. Она што ги прави видеата импресивни е тоа што можете да ги погледнете чекор-по-чекор, при што може да се се враќате назад или повторно да ги погледнете деталите од некој од чекорите.
За да ги погледнете повеќето од видеата потребно е да се зачлените, што е бесплатно и што ви дава 30 дневен пристап до сите содржини (има и неколку видеа кои можат да се погледнат без зачленување). За коплетно бесплатни видеа на тема готвење можете да го погледнете и FoodTube.