Руни: Не сакав да играм во средниот ред

Кон финишот на минатата сезона, Сер Алекс Фергусон сугерираше дека Вејн Руни доставил барање за трансфер, тоа ги алармираше гигантите ширум Европа, па името на напаѓачот често беше топ тема на трансфер шпекулациите.

Сепак, новиот менаџер на ’Црвените Ѓаволи’, Дејвид Мојс не сакаше да слушне за продажба на играчот, и одби две понуди од Челзи.

Под водство на Мојс, Вејн Руни игра во одлична форма на стартот од сезоната, и е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед.

Репрезентативецот на Англија сега проговори за случувањата од финишот на минатата сезона, тој објаснува дека бил разочаран од тоа што играл во средниот ред но сега сето ова е променето.

„Сите во клубот знаеа каде сакам да играм” – рече Руни. „И токму затоа бев разочаран”.

„Ми беше кажано да играм во средниот ред и јас не го сакав тоа. Мислам дека беше неизбежно во определен период, за доброто на мојата кариера, да бидам себичен”.

„Мислам дека добро ја вршев задачата кога играв во средниот ред, но не сакав да играм таму. Во минатото немав проблем да играм надвор од позиција. Но чувствував дека заслужувам да играм на мојата позиција и тоа не се случуваше“.

„Сосема нормално е тоа што бев разочаран, и верувам дека тоа влијаеше на моите перформанси. Знам дека моите игри од минатата сезона не беа на потребното ниво, но често играв на различни позиции”.

„Чувствував дека не добивам доволно натпревари во серија во нападот. Понекогаш е тешко да се адаптирате кога не играте постојано на една позиција”.

Дејвид Мојс повторно го врати Руни во форот, и напаѓачот вели дека сега ужива во сопствената игра.

„Јасно може да се види дека сега играм подобро и среќен сум со мојот фудбал”.

„Дејвид Мојс дојде, играм во нападот, и уживам”.

Текстот е објавен во соработка со 24.fudbal.com.mk

- Реклама -