Руни експресно се опорави од повредата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изненадувачки брзо се опорави од повредата на бутниот мускул која ја доби на мечот со Фулам, при што беше расечен дел од неговата нога.

Лекарите предвидуваа дека нема да се врати на фудбалските терени во следните четириесетина денови, но тој веќе неколку дена тренира со полн интензитет и би можел да се појави на клупата за резерви во тимот на сер Алекс Фергусон дури и на денешниот дуел од Лигата на шампионите против Галатасарај.

Руни се здоби со голема расекотина на мускулот по дуелот со Родалега и веднаш беше изнесен на носилки од теренот, а во болница му беа ставени 12 копчиња за санирање на повредата.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

Се предвидуваше дека ќе мора да паузира околу еден и пол месец, но еве го Руни повторно во акција и најверојатно ќе биде максимално подготвен за неделното дерби против Ливерпул.

- Реклама -