Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека „на највисоко ниво“ е донесена одлука за бришење на талибанците од листата на терористички организации, јави државната новинска агенција ТАСС.
Одлуката треба да биде придружена со правни процедури за да стане валидна, изјави Замир Кабулов, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.
Путин во јули рече дека Русија го смета движењето на авганистанските талибанци за сојузник во борбата против тероризмот.
Русија полека гради врски со талибанците откако тие ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, откако силите предводени од САД се повлекоа по 20 години војна, но движењето сè уште е официјално забрането во Русија.
Ниту една земја формално не ги призна Талибанците како легитимна власт на земјата, иако Кина и Обединетите Арапски Емирати ги прифатија нивните амбасадори. Русија ги додаде Талибанците на својата листа на терористички организации во 2003 година.
Нивното отстранување би било важен чекор за Москва кон нормализација на односите со Авганистан.