Русија ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на 9 години затвор, Бајден бара веднаш да биде ослободена

Вашингтон, 4 август 2022 (МИА) – Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога.

– Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога“ изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Грајнер.

Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Грајнер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден милион рубљи, што е приближно 16.300 долари.

epa10105916 Two-time Olympic gold medalist and WNBA player Brittney Griner (C) is escorted to hear the court’s verdict in Khimki City court in Khimki outside Moscow, Russia, 04 August 2022. The Khimki City Court has sentenced Griner to nine years in prison after finding her guilty on charges of drug smuggling. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Претходно денеска руското обвинителство побара затворска казна од девет и пол години, додека одбраната побара ослободување.

Сопругата на Грајнер, кошаркарките од нејзиниот тим, соиграчките од ВНБА, како и спортисти од сите спортови, веднаш упатија остри реакции и побараа нејзино ослободување.

Реакција веднаш дојде и од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пресудата на рускиот суд е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Прочитајте и:  Кулеба: Ако Трамп ги секне муницијата и оружјето од САД, изгледите за Киев ќе бидат мрачни - клучот е во Европа

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерката, саканите, пријателите и соиграчите“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така упати критики по повод пресудата и рече дека тоа „дополнително ја зголемува неправдата од нејзиниот незаконски притвор“ и ја зголемува американската загриженост за „рускиот правен систем и употребата на погрешни притвори од страна на руската влада заради унапредување на својата сопствена агенда, користејќи поединци како политички пиони“.

Правникот тим на 31-годишната кошаркарка најави дека ќе се жали на пресудата, истакнувајќи дека Судот ги игборирал сите докази што тие ги доставиле.

epa10105482 Two-time Olympic gold medalist and WNBA player Brittney Griner holds a Basketball Team group photo as she stands inside a defendants’ cage during a court hearing in Khimki outside Moscow, Russia, 04 August 2022. The Khimki City Court reportedly had extended Greiner’s detention for the duration of her trial on charges of drug smuggling that started on 01 July. Griner, a World Champion player of the WNBA’s Phoenix Mercury team was arrested in February at Moscow’s Sheremetyevo Airport after some hash oil was detected and found in her luggage, for which she now could face a prison sentence of up to ten years. EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA / REUTERS POOL

„Многу сме разочарани од пресудата. Како правни професионалци, сметаме дека судот треба да биде праведен кон сите без разлика на националноста. Судот целосно ги игнорираше сите докази на одбраната и што е најважно признавањето на вината“, се вели во соопштението.

„Ова е во спротивност со постојната правна практика. Имајќи ја предвид количината на супстанцата (да не зборуваме за недостатоците при експертизата) и изјаснувањето, пресудата е апсолутно неразумна. Сигурно ќе поднесеме жалба“, додаваат тие.

- Реклама -