Русија ќе биде исфрлена од SWIFT системот во наредните денови, тврди гувернер на централна банка од ЕУ

Париз, 26 февруари 2022 (МИА) – Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за западни медиуми еден од гувернерите на централна банка во ЕУ.

„SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови“, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека таквата одлука е апсолутно неопходна.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо
- Реклама -