Русија намерно ја забавила воената кампања во Украина за да ги намали цивилните жртви, тврди Шојгу

Москва, 24 август 2022 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија намерно ја забавила својата воена кампања во Украина, поради, како што вели, потребата да се намалат цивилните жртви.

„Се прави сè што е можно за да се избегнат цивилни жртви. Се разбира, ова го успорува темпото на офанзивата, но ние го правиме тоа намерно“, изјави Шојгу на состанокот во Узбекистан на министрите за одбрана од Шангајската организација за соработка.

Руските трупи постигнаа мал напредок во последните месеци откако беа истиснати од Киев во првите недели од војната.

Прочитајте и:  Турција бара од САД да биде изземена од санкциите за рускиот гас
- Реклама -