Владата на Руската Федерација денеска одобри список на странски држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, како и нивни компании и граѓани, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера ѝ нареди во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон земјата.
На списокот се наоѓаат сите земји членки на ЕУ, потоа Австралија, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија, а мeѓу нив и Македонија.
Според документот, Владата, руските граѓани и компаниите кои имаат девизни долгови кон странските кредитори од списокот на непријателски земји, истите ќе можат да ги платат во рубљи.