Главниот руски преговарач, Владимир Медински, соопшти дека Русија на втората рунда директни преговори со Украина предложила делумен прекин на огнот, кој би траел два до три дена во одредени делови од фронтот.
„Предложивме конкретен прекин на огнот во траење од два до три дена во одредени области, за командантите да можат да ги соберат телата на своите војници,“ истакна Медински.
Тој додаде дека Украина добила меморандум со условите за целосен прекин на огнот.




