Русија привремено ги запира испораките гас за ЕУ преку „Северен тeк“

Москва, 19 август 2022 (МИА) – Руски „Газпром“ ги прекинува испораките гас за Европската унија преку „Северен тек“, пренесуваат агенциите повикувајќи се на извори од компанијата.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека транзитот на природен гас во Европската унија преку гасоводот „Северен тек 1“ ќе биде запрен од 31 август до 2 септември поради одржување.

„На 31 август единствената оперативна компресорска единица Трент 60 ќе биде затворена на три дена заради одржување“, соопштено е од компанијата истакнувајќи дека сите поправки ќе бидат извршени заедно со експерти од германски „Сименс“.

„Газпром“ додава дека „по завршувањето на работите и отсуството на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно, што претставува приближно 20 проценти од вкупниот капацитет на гасовод.

Прочитајте и:  Русија во најголемиот напад со дронови погодила клучна украинска инфраструктура
- Реклама -