Русија денеска тестираше интерконтиненталена балистичка ракета, чиј домет е во најмала рака проблематичен и би го прекршил руско-американскиот Договор за нуклеарно вооружување со среден домет.
Се работи за ракета Topol-M, со домет од околу 5.500 километри, што е горната граница за проектили со среден домет според посочениот договор, познат како INF (Intermediate-Range Nuclear Forces Treaty). Со ваков домет, ракетата може да го погоди било кој европски град во континентална Европа, пишува хрватски „Индекс“.
Проектилот бил лансиран од космодромот Плесецк во северо-западниот дел на Русија, а целел кон мета на подрачјето на Камчатка, чија локација руското министерство за одбрана не ја открива.
INF, од друга страна, престана да важи минатиот месец, кога САД се повлекоа од договорот со образложение дека Русија го прекршила со производство на проектили кои можат да имаат домет од 500 до 5.500 километри.