кој ги носел астронаутите кон површината на Месечината. Астрoномот Бернанд Ловел бил дел од тимот кој ја слушнал трансмисијата од вселената и кој почнал да го следи советското вселенско летало без човечки екипаж Луна 15, кое се обидувало да собере примероци од површината на Mесечината и да се врати на Земјата пред да започне американската мисија.
Снимките од радио телескопот на Џодрел Ловел, кои беа сокриени во архивите се додека истражувачите не се докопаа до нив, покажуваат дека руското летало орбитирало околу Месечината и се срушило на нејзината површина во 15:50 на 21 јуни – само неколку часови пред Американците да полетаат.
Во новооткриените снимки, Сер Бернанд, основачот на Jodrell Bank, може да се слушне како ги раскажува настаните, а разговорот кои го водат астронаутите од Аполо 11 се слуша во позадина. Сер Бернанд ја забележува промената во орбитата на Луна 15 за да биде поблиску до локацијата каде ќе слетаат американците и подоцна спомнува дека од „добро-информиран извор од Москва“ дознал дека леталото е на пат да слета на површината.
Луѓето во контролната соба на Џодрел неколку моменти пред Луна 15 да се сруши можат да се слушнат како викаат „Се спушта“ и „Се движи надолу со голема брзина“. Подоцна на снимките се слуша глас кој вели „Ви велам, ова навистина беше една драма од големи размери.“ [Russian spacecraft landed on moon hours before Americans]