Незаобиколен прилог на сите свечени трпези.
Состојки:
150 г. компири
150 г. моркови
150 г. грашок (може и замрзнат)
150 г. кисели краставички
200 г. шунка
300 г. мајонез (лајт)
2 варени јајца
лажица сенф
2 лажици лимонов сок
сол, бибер
Подготовка
Компирот и морковите исечете ги на ситни коцки Ставете ги во посолена вода и варете околу три минути.
Сварете го грашокот додека не стане мек (околу 15 минути)
Шунката, киселите краставички и варените јајца исечете ги на коцки. Сите состојки промешајте ги и додадете мајонез, лимонов сок и зачини.
Добро промешајте повторно и савете во ладилник да се олади.
Сервирајте ја ладна и со кифлички.