Руската армија бомбардирала 32 позиции на џихадисти во Сирија во последното деноноќие.
Од руското Министерство за одбрана изјавија дека за 24 часа руската авијација извршила 33 напади и нанела удар врз 32 локации во провинциите Дамаск, Идлиб, Хама, Алепо и Деир Езор.
Недооценетата активност на авијацијата е резултат на офанзивата на сириските вооружени сили кои го менувале фронтот во борбата против терористите.