Руската православна црква: Грев е да јадете чипс

Јадењето чипс е грев, смета Руската православна црква.

Православните верници не би требало да јадат нездрава храна како чипс, а која ја произведуваат корумпирани произведувачи, бидејќи тоа е грев, изјави портпаролот на Московската патријаршка Руска православна црква, Роман Богдасаров.

– Црквата има строго правило според кое е грев секое дело кое му штети на телото, вели Богдасаров.

Проблематични производи се оние кои содржат штетни маснотии, алкохолните пијалоци, енергетските пијалоци и сето останато што негативно влијае врз здравјето, се наведува во извештајот.

Генетски модифицираните производи исто така се наоѓаат на листата.

Официјалниот претставник на православната црква додаде дека дури и други производи кои не му штетат на здравјето можат да се додадат на листата, ако нивната цена вклучува мито или корупција.

-Производството не смее да им помага на производителите да купуваат јахти или вили на Канарските острови, додаде портпаролот на црквата.

- Реклама -