Руски експерт стравува дека соработката со Северна Македонија може да го збогати НАТО

Москва треба да размислува стратешки околу идната економска соработка со Скопје, каде двајцата претседателски кандидати кои се натпреваруваат во вториот круг на претседателските избори го поддржуваат членството на земјата во НАТО и ЕУ, предупредува Владимир Оленченко – виш научен соработник во Националниот истражувачки институт за светска економија и меѓународни односи – Примаков, на Руската академија на науките, за руската новинска агенција ТАС (TASS).

Како што се наведува во текстот на агенцијата, покрај Стево Пендаровски од СДСМ – кој води во првиот круг на изборите, и противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, иако „е евидентно поконзервативна“, исто така го поддржува членството во Северноатлантската алијанса.

„Руските власти и бизниси треба стратешки да размислуваат за тоа како понатаму ќе ги развиваат своите односи со Северна Македонија. Постои економски аспект на проблемот, заедно со политичката димензија; Проширувањето на трговијата и инвестирањето треба да бидат корисни за сите страни. Во овој случај, бенефитите можат да завршат на контото на НАТО, бидејќи членовите на Алијансата мораат да придонесуваат со 2% од нивниот БДП кон НАТО буџетот“, објаснува тој.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

„Дали сакаме да бидеме донатори на НАТО – е прашањето што треба да се има на ум кога се размислува за некои од аспектите на билатералните односи“, порачува Оленченко до руските државници и бизнисмени.

- Реклама -