Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ побара прекин на војната во Украина

Москва, 3 март 2022 (МИА) – Рускиот нафтен гигант Лукоил денеска повика на итно запирање на борбите во Украина, соопшти компанијата.

Лукоил е една од првите големи руски фирми што се изјасни против руската инвазија врз Украина.

Во соопштението на Лукоил се наведува дека нејзиниот одбор го поддржува „итниот прекин на вооружениот конфликт и целосно поддржува неговото решавање преку преговарачкиот процес и со дипломатски средства“.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната
- Реклама -