За рускиов ѕвер не постојат препреки. Може да поднесе тон и пол терет, а резервоарот му собира 260 литри. Изгледа футуристички како да е од некој Сај-Фај филм.
Цепа по сите можни терени и може да го вози секој кој има возачка Б-категорија.
Долг е 6.3 метри, широк 2.5, а висок 2.7 метри. Тежок е 2.5 тона, и чини 183 000 евра.