Руските сили ја заземаа нуклеарната централа Чернобил

Руските сили презедоа контрола врз нуклеарната централа во Чернобил, соопшти советникот од украинскиот претседателски кабинет – Микаил Подолиак, пренесува МИА.

Според него, невозможно е да се каже дали нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по, како што го нарече, „тотално бесмислениот напад од Русите“.

„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес“, додаде тој.

Попладнево советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, објави дека руските сили влегле во областа Чернобил, и тоа од страна на територијата на Белорусија, посочувајќи дека во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање на нуклеарен отпад.

„Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ“, предупреди тој.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Нападот на Чернобил украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како „објава на војна на цела Европа“.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Ова е објава на војна против цела Европа“, напиша Зеленски, додавајќи дека го известил и шведскиот премиер.

- Реклама -