Русковска испратила опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ

Фото: СДК.мк

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера (3.7.) до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ опомена пред тужба за клевета, објави „Дојче веле“.

Причина за ваквиот потег на Русковска било тоа што е спомената во изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, насловен „Криминална приказна“.

Како што пишува „Дојче веле“, Русковска одбива да биде поврзувана со која било партија и да биде злоупотребувана во политички спотови, а од ВМРО-ДПМНЕ побарала извинување толку пати колку што е емитуван спотот. Повеќе ТУКА.

Само на YouTube, каде што исто така е поставен спотот, до овој момент има 11.154 прегледи:

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица
- Реклама -