САД го назначија новиот врховен командант на НАТО за Европа

САД назначија нов генерален командант на НАТО во Европа, со што се смирија загриженостите околу можноста Вашингтон да се повлече од важната улога што ја играл од самиот почеток на Алијансата.

Генералот на воздухопловните сили, Алексус Гринкевич, е предложен од американскиот претседател Доналд Трамп и неговото назначување е одобрено од 32-те сојузници на НАТО, објавија Министерството за одбрана на САД и НАТО.