САД испраќаат огромна количина артилериски гранати и муниција во Украина

САД ќе испратат дополнителна воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, која вклучува огромна количина артилериски гранати и муниција, соопшти денеска Пентагон.

И Белата куќа соопшти дека воена помош е пред испраќање, но не ја објави нејзината вредност.

Како што пренесува Бета, светските агенции коментираат дека сето ова се случува во пресрет на пролетната офанзива на украинската армија против руските војници.

САД не прецизираа колку муниција планираат да испратат, но најновиот пакет наликува на претходните пратки, кои вклучуваа ракети за системи и хаубици ХИМАРС, како и разни други проектили и противтенковска муниција.

Целиот овој арсенал ќе биде собран од резервите на Пентагон, што значи дека многу брзо ќе пристигне на првите борбени линии во Украина.

Прочитајте и:  Украински пратеник го предложи Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир

Украински официјален претставник во понеделникот изјави дека е само прашање на време кога неговата земја ќе биде воено подготвена да започне контраофанзива против руските трупи.

МИА

- Реклама -