Македонската фудбалска репрезентација под 20 години претрпе пораз од селекцијата на САД со резултат 2-0 во контролен натпревар што се одржа попладнево во бугарскиот град Петрич на неутрален терен.
Избраниците на селекторот Александар Таневски покажаа добар перформанс и се соочија со силен противник, што ќе им послужи како значајна проверка и можност за дополнително усогласување на тимот.
Македонскиот состав се одбрани со храброст и упорност во текот на поголемиот дел од натпреварот, но примениот гол дојде во судиското надополнување на првото полувреме, а вториот во 90+2 минута.
На другата страна, играчите Димитар Данев, Адмир Љатифи и Салим Арифи не успеаја да погодуват од идеални можности за постигнување гол.




