Американскиот пратеник за Сирија, Том Барак, ќе одржи состанок со високи претставници од Израел и Сирија во четврток, известува „Аксиос“.
Според информациите од медиумот, местото на одржување на состанокот сè уште не е потврдено.
Се очекува дека главната тема на дискусијата ќе бидат безбедносните мерки во јужна Сирија, како и зајакнувањето на координацијата и комуникацијата помеѓу двете земји.




