САД најавија нов пакет оружје за Украина во вредност од 600 милиони долари

Вашингтон, 16 септември 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје, вреден 600 милиони долари, со што ќе ѝ помогне на украинската војска во борбата против Русија, се наведува во меморандумот на Белата куќа, испратен вчера до Стејт департментот.

Бајден ја одобри помошта користејќи ги своите претседателски овластувања што му овозможуваат да одобри преместување на вишок оружје од американските залихи.

Нема детали околу тоа како парите ќе бидат искористени.

Во меморандумот се наведува и дека парите ќе бидат искористени и за воено образование и обука.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Вашингтон на Владата во Киев ѝ испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина
- Реклама -