САД очекуваат напад на Киев, засега не гледаат зголемена опасност од руско нуклеарно оружје

Вашингтон, 24 февруари 2022 (МИА) – САД не гледаат зголемена закана од руското нуклеарно оружје, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана.

„Не гледаме зголемена опасност во тој поглед, рече неименуван функционер на прашањето дали руските нуклеарни сили се во состојба на висока готовност“, пренесува Хина.

Тој додаде дека руската офанзива во Украина има за цел да ја „отсече главата“ на владата во Киев и да воспостави режим поволен за Москва.

Руската војска започна напад со околу 100 напади со балистички ракети, насочени, како што рече, главно на воената инфраструктура. Почетната фаза, рече тој, е фокусирана на клучните градови и Пентагон очекува Русите да го нападнат главниот град Киев.

Прочитајте и:  Шолц телефонски разговарал со Путин, првпат по две години... ова биле темите

„Никогаш не сме виделе таков маневар нација-држава-нација-држава од Втората светска војна, ништо од оваа големина, обем и размери“, рече тој. Досега, рече тој, Русите се уште не влегле во западна Украина и нема „индикации“ за амфибиски напад на југ од Црното Море.

Американскиот претставник не даде проценка за претрпената штета на украинската војска. „Видовме знаци на отпор“, рече тој.

Литванското Министерство за одбрана објави дека САД распоредиле авиони Ф-35 во Естонија и Литванија и дека престојот на постоечките војници во регионот е продолжен. Најмодерните американски авиони Ф-35 никогаш досега не биле распоредени во балтичките земји.

- Реклама -