САД: Русите треба да ја предадат „целосната контрола“ врз нуклеарната централа Запорожје на Украина

Вашингтон, 5 август 2022 (МИА) – Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни.

Таа додаде дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола“ врз нуклеарната централа на Украина.

Жан-Пјер посочи дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Запорожје.

„За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација“, истакна Жан-Пјер.

Таа посочи дека САД се свесни за извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности“.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на подрачјето каде е лоцирана нуклеарната централа Запорожје.

- Реклама -