САД сметаат дека авионот на Пригожин веројатно бил соборен со ракета земја-воздух, истрелана од руска територија

САД веруваат дека авионот во кој патувал Евгениј Пригожин можеби бил соборен со проектил земја-воздух, истрелан од руска територија, јавија британските меидуми, повикувајќи се на извори од американската влада кои сакаа да останат анонимни.

Оттаму нагласија дека се работи за прелиминарна проценка и дека информациите за случајот се уште се анализираат.

Руските власти соопштија дека Евгениј Пригожин и неговата десна рака Дмитриј Уткин биле меѓу 10-те патници во приватниот авион што вчера се урна северно од Москва, и дека нема преживеани.

МИА

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -