Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, свикал состанок во Вашингтон со раководствата на најголемите банки во земјата поради зголемените кибернетски ризици поврзани со новиот модел на вештачка интелигенција на компанијата Anthropic. На овој состанок, според медиумските извештаи, присуствувал и гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, како и директорите на некои од најзначајните банки во САД, вклучувајќи ги „Goldman Sachs“, „Bank of America“ и „Citigroup“.
Причината за загриженоста лежи во фактот дека новиот AI модел на Anthropic, според интерни проценки, може да идентификува и искористува ранливости во софтвер и системи, што може да доведе до ризици за финансиската стабилност и националната безбедност. Компанијата објави дека моделот веќе открил илјадници безбедносни пропусти, од кои некои се стари повеќе од деценија, па поради тоа, неговата употреба е ограничена на мал број големи технолошки и индустриски партнери.
Експертите упатуваат предупредување дека ваквата технологија може да биде злоупотребена од страна на хакери за пробив во заштитени системи, што дополнително зголемува загриженоста кај регулаторите и во финансискиот сектор.




