САД воведоа санкции за ќерките на Путин и сопругата и ќерката на Лавров

Вашингтон, 6 април 2022 (МИА) – Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Новиот пакет санкции се одговор на администрацијата на Бајден на масакрот на цивилите во Буча.

Американскиот претседател Џо Бајден на Твитер објави дека САД, сојузниците и партнерите воведоа нов пакет санкции против Русија.

За денеска е предвидено Бајден да потпише извршна уредба за забрана на нови инвестиции во Русија.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен: Нешто не е во ред кога Русија троши до 9% од БДП на одбраната, а ЕУ само 1.9%
- Реклама -