САД засега не планираат да воведуваат ембарго за руската нафта

Вашингтон 3 март 2021 (МИА) – САД оценуваат дека ембарго за руската нафта и гас ќе придонесе кон повисоки цени на горивото во земјата, и затоа сѐ уште не ја разгледуваат таа опција, изјави денеска портпаролката на Белата куќа – Џен Псаки.

Таа, одговарајќи на новинарско прашање – што треба да се случи на боиштата во Украина за да се засилат санкциите, истакна дека веќе се воведени значителни санкции против Русија.

„Дополнителна забрана ќе придонесе кон зголемување на цените на горивото и потешкотии во снабдувањето со горива, што би можело да придонесе за повисоки цени на останатите производи, затоа таа опција засега не ја земаме в предвид“, посочи Псаки.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Таа наведе и дека САД не гледаат можност на Русија да ѝ го одземат статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединети нации.

„Не гледаме таква можност. Нашиот фокус е насочен кон изолирање на Русија и барање на одговорност од неа“, истакна Псаки.

- Реклама -