Садула Дураки има познавања од Internet Explorer, за Chrome или Mozilla нема информација

Садула Дураки, министерот за животна средина од редовите на ДУИ кој успешно леташе под радарот на јавноста до минатата зима, кога се прослави со неговото „небавење со граѓаните“ во самиот ек на проблемот со аерозагадувањето, е предложен за нов министер за политички систем. Дали ќе го промени министерството ќе се знае во среда, за кога е закажана собраниската седница за избор на министри.

Во меѓувреме, како што пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“, вчера во Собранието е доставена неговата кратка биографија, која би требало да ги убеди пратениците дека тој е правиот човек за предложената функција. Во биографијата на Дураки, меѓу другото, наведени се познавања од Internet Explorer и Microsoft Office, а од останатите способности наведени се „солидни менаџмент особини, тимска работа, работење под притисок и комуникативност“. Не е наведено дали Дураки има познавања од Google Chrome и/или Mozilla Firefox.

 

- Реклама -