Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денес се одржа „Саем на франкофонските држави“. Овој настан имаше за цел да ги прикаже богатствата на франкофонијата, нејзината култура и традиција, преку учество на учениците од Општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер, како и претставници од Францускиот институт во Скопје, меѓу другите.




