Нури Сахин на позајмица во Арсенал

Нури Сахин следната сезона ќе игра како позајмен играч во Арсенал. Ова е резултат на преговорите меѓу мадридски Реал и лондонскиот клуб.

Преговорите за малку немаше да бидат успешни поради инсистирањето на Реал доколку Арсенал одлучи да го откупи целиот договор и трајно го ангажира Турчинот да плати 14 милиони фунти. Клубовите сепак најдоа заеднички јазик иако деталите не се прецизираат.

Арсенал, исто така, сака да се ослободи од Андреј Аршавин и неговата неделна плата од 70.000 фунти, а можна дестинација на рускиот репрезентативец е Зенит од Санкт Петербург.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје
- Реклама -