Несомнено денес секој би сакал да работи за исклучително популарна социјална мрежа како Твитер.Бројни експерти се согласуваат дека социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук имаат долга иднина, што автоматски ги става на листата на популарни работодавци.
Сепак, јасно е и тоа дека секојдневно имаат многу барања за работа.
Business Insider состави листа на неколку прашања кои најчесто се повторуваат на разговорите за работа со потенцијалните идни работници во Твитер. Некои од нив се од општа природа, а зависно од одговорите се прави селекцијата. Вторите прашања се трик, а одговорите бараат исклучителна фантазија.
Погледнете како изгледаат дел од прашањата:
Одбери тема која што те интересира: хоби со кое се занимаваш, книга, проект на кој работиш и сл. Имаш пет минути да ги објасниш.
Зборувај за некој бренд за кој мислиш дека создава добар маркетинг, а потоа и обратно.
Што ти е возбудливо кај Твитер?
Што би направил/a кога твојот соработник инсистира да постапи спротивно од твојот совет?
Со што ти ќе придонесеш во компанијата?
Како топче од голф, завршува во училишен автобус?
Зошто не би требало да те вработиме?
Кое ти е омилено „меме“?
Што сакаш да правиш во слободно време?
Дали е ова чекор наназад во твојата кариера?
Дали би се преселил/a поради оваа работа?
Кој е последниот филм што си го гледала во кино?
Кој е твојот план за следните 5 години?
Од што се плашиш?
Како треба да се прилагоди Твитер, за да остане релевантен, конкурентен и актуелен?