Ако спаѓате во луѓето кои отсекогаш се прашувале каков би бил животот доколку бевме минијатури, тогаш треба да му посветите внимание на норвешкиот проект „Големи пари“. Едно дизајн студио изработи џиновска реплика од монета, во размер 20:1 и со нејзина помош и тилт-шифт фотографијата ги претвори секојдневните нешта во минијатури.