Советникот за национална безбедност на Белата куќа – Џејк Саливан, ги оквалификува како „апсурдни“ обвинувањата на претседателот Владимир Путин дека Русија била загрозена од Западот, како оправдување за инвазијата на Украина.
„Никој не ја напаѓа Русија. Има еден вид апсурд во идејата дека Русија била под некаков облик на воена закана од Украина или од кој било друг“, изјави Саливан.
Тој потенцираше дека лидерот на Кремљ е агресорот.
„Ова е војна по избор. Путин избра да се бори. Можеше да избере да не го стори тоа. А може и сега да избере да ја прекине, да си оди дома.
Русија престанува да ја води војната во Украина и си оди дома – војната завршува. Украина престанува да се бори, а САД и коалицијата престануваат да им помагаат да се борат – тогаш Украина исчезнува од картата“, рече Саливан.
Извор: МИА