Саливен: Не е соодветно и не е во ред Израел да ја окупира Газа на долг рок

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска нагласи дека не е соодветно Израел да ја окупира Газа на долг рок, во контекст на интензивирањето на шпекулациите за повоената иднина на територијата.

„Не веруваме дека има смисла Израел, или е во ред за Израел, да ја окупира Газа, повторно да ја окупира Газа на долг рок“, изјави Саливен кој е во посета на Тел Авив.

Саливен се сретна со израелскиот премиер и министерот за одбрана за време на неговата посета на Тел Авив, при што го пренесе ставот на Белата куќа дека сегашната фаза на војната треба да заврши за две до три недели.

Тој денеска ќе престојува на Западниот Брег каде ќе разговара со палестинските власти.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека ќе бидат потребни „повеќе од неколку месеци“ за да се уништи Хамас, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе се бори до „апсолутна победа“.

МИА

- Реклама -