Само со помош на добра тактика, можат да се привлечат клиенти

Тактиката е особено важна во маркетингот, бидејќи тоа е она што на крајот го прави вашиот клиент задоволен од сработеното.

Токму таа ја мотивира одлуката за купување, но клучно е да се напомене дека  продажбата не може да ги утврди тактиките пред да бидат извршени сите потребни чекори во составувањето на вашиот маркетинг план.

Ова го наведува во американското списание Entrepreneur, Џим Џозеф – директор за интегриран маркетинг во њујоршката комуникациска агенција Cohn & Wolfe, автор, блогер и универзитетски професор.

„Штом сте создале основни маркетинг стратегии кои го придвижуваат бизнисот, процесот на дефинирање на тактики треба да биде за вас забавен, лесен и јасен”, пишува тој. Според него, ако планот и стратегијата се подготвени, тактиките треба да се создадат лесно, односно да произлезат самите од себе.

„Ако нешто не се однесува на вашите основни стратегии, тогаш тоа не е остварлива тактика за планот. Ако тоа не одговара на SWOT анализата, не се осмелувајте да покренете акција и барајте друга опција. Ако не резонирате со информациите за таргетирање клиенти, дури и да ви изгледа акцијата соодветна и согласно со вашата стратегијата, целете кон тоа дасоздадете нешто значајно “, советува Џозеф.

Тој набројува 4 тактики за развој на малите бизниси. Еве што предлага:

Проширете го присуство на повеќе пазари или на слична локација за бизнис . Тактиките за тоа би вклучиле избирање на соодветни места за нов бизнис развој, разгледување на видот на трговскиот простор и неговата локација.

Создадете e-commerce сајт , преку кој ќе можат да ве пронајдат клиентите, кои не би можеле да дојдат во продавниците. Нека URL-отo и името на сајтот одговараат на вашето брендирање. Изградете виртуелни елементи на вашиот сајт, така што ќе го направите процесот за нарачка на одредена стока или услуга максимално достапен за корисниците.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Утврдете го вашето присуство во неколку социјални медиуми . Тоа ќе ви помогне вашите клиенти да бидат запознаени со бизнисот и ќе ги мотивира да ги споделат своите приказни и услуги со вас. Тактички истражете кои од социјалните медиуми се најпогодни за вашиот бизнис и би биле средина за највисок степен на посветеност.

Изградете стратегија за маркетинг содржина , која дава дополнителен третман на вашите клиенти. Не дозволувајте производот или доживувањето да бидат единството нешто што тие го добиваат од вас. Давајте им практични или образовни информации со материјалите, понудете им забава. Организирајте социјална кампања. Бидете повеќе од трговска марка.

Овие општи насоки ќе се здобијат со многу конкретни димензии кога ќе ги обмислите своите тактики за вашата компанија и ќе направите уникатна и наменска маркетинг стратегија. Но, имајте на ум дека тактиките се важни, бидејќи тие се она што клиентите реално го гледаат. Преку нив за првпат маркетинг планот се здобива со јавно лице. Затоа секогаш уверувајте се дека се доволно атрактивни и за публиката кон која целите да дојдете, советува уште авторот.

Текстот е објавен во соработка со Via Marketing. Повеќе за нивните активности, можете да погледнете на следниот ЛИНК.

- Реклама -