Само во Дубаи: Како гори автомобил вреден половина милион долари (видео)

Lamborghini Aventador, која, во зависност од додатоците, чини околу 500 000 долари, изгоре пред хотел со пет ѕвездички во Дубаи. 

И покрај сите напори на сопственикот да го изгасне огнот со противпожарен апарат, возилото е уништено целосно во пожарот.

Автомобилот бил во движење, кога под капакот избувнал пламен. Не е јасно со каква брзина се движел, но овој модел автомобили достигнуваат 100 километри на час за помалку од 3 секунди.

Се уште не е прецизирано дали станува збор за фабрички дефект кај автомобилот, со оглед на тоа што ова е втор ваков случај во рамките на еден месец.

Уште едно Lamborghini Aventador изгоре во Кина, а неговиот возач се спаси во последен миг.

- Реклама -