Само во Дубаи: Златни прачки за најредовните патници во јавниот градски превоз

По повод 10 години од основањето на јавниот сообраќаен превоз во Дубаи, управата на претпријатието срдечно ги награди најредовните корисници на градското метро и автобуски превоз.

Право на една од вкупно 30-те доделени златни прачки со тежина од 50 грама (според Гугл секоја би вредела по околу 2.415 долари) имаа патниците кои во последните 10 дена најмалку 20 пати користеле јавен превоз. Покрај златните прачки, доделувани биле и Gold кредитни картички, часовници, Macbook компјутери и друго.

Наградите се дел од напорите на градското претпријатие за јавен превоз да го поттикне домашното население повеќе да ги користи метро услугите и градските автобуси. Една од причините за тоа е што бројот на возила во Дубаи порасна за двојно повеќе во последните 8 години – од 740.000 возила во 2006-та, на 1.4 милиони возила на крајот на 2014-та. Со просечен годишен раст од 8.2%, што е највисок во светот, до 2020-та во Дубаи може да има повеќе возила отколку жители. Според пописот од 2012-та, Дубаи има 2.067.291 жители.

 

- Реклама -